РЕГИОН
Најмалку две жртви и 18 повредени во судир на мигранти кај Бихаќ

Во судир на мигранти во населбата Жегар во Бихаќ, убиени се две лица, а 18 се повредени, потврди утрово Министерството за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон.
Сите повредени во масовниот судир на мигранти се згрижени во Кантоналската болница во Бихаќ.
Регионалната телевизија Н2 објави дека синоќа во 22:15 часот, една локална жителка во полициската станица во Бихаќ пријавила дека имало конфликт меѓу мигранти.
По пријавата, полициските патроли биле испратени на лице место.
Во тек е потрага по убијците…