МАКЕДОНИЈА

Објавен конкурсот за реонски попишувачи и инструктори

Државниот завод за статистика го објави конкурсот за пријавување кандидати за реонски попишувачи и инструктори, кои годинава ќе учествуваат во спроведувањето на пописот на населението од 5 до 30 септември годинава.

Advertisements

Конкурсот,што ќе биде објавен во четири дневни весници, е достапен на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk каде што од 8:00 часот утрово е активна и апликацијата за електронско пријавување.

Конкурсот ќе трае до 5 август по што ќе следи тестирање, избор и обука на избраните кандидати.

Државниот завод за статистика ги повика сите заинтересирани, како и сите оние кои се пријавиле на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и да станат дел од големиот пописен тим.

„Придонесот на секој еден од нас во пописните активности претставува придобивка за сите. И како директни учесници во спроведувањето на Пописот и како даватели на податоци – придонесуваме за креирање на една прецизна слика на состојбите во државата во точно определен момент. Оваа прецизна слика ќе овозможи донесување на издржани политики, базирани на најнови податоци, со кои ќе се планира развојот на секое поле од живеењето и работењето“, стои на веб страницата на ДЗС.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button