ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев не верува дека некои од „најсочните“ случаи на СЈО ќе застарат

Откако неколку случаи на СЈО, по неколку години судење, повторно ќе почнат одново, премиерот Зоран Заев не верува дека е можно некои од нив да застарат. Првиот човек на владата добил уверување од министерот за правда дека разрешувањето судија или пензионирањето на судијата-поротник не ги загрозува случаите на поранешното Специјално обвинителство. Многу од нив по сè изгледа ќе се судат од почеток оти беше разрешен поротникот Митко Сандев и судијата Горан Бошевски.

Advertisements

„Во Законите кога поротник оди во пензија и го завршува својот мандат ‘де-фактички’ предметот се враќа на повторно одлучување. Но, има пракса на едно рочиште, се исчитуваат сите претходни докази, сведоци и се враќа постапката на старт. Тоа е надежта дека ниту еден предмет да се изгуби. Не можете да го сопрете човекот којшто сака да оди во пензија и да го држите надвор од неговите услови за пензионирање“, рече Заев.

Но, праксата досега покажува дека доколку се пензионира поротник или се разреши судија, обвинетите и адвокатите во повеќето случаи бараат процесите да почнат одново. На пример, „Титаник“ за изборни нерегуларности треба да има нов старт. По три години судење и со епитет клучен предмет на СЈО, изведени докази на обвинителството и 150 сослушани сведоци, процесот оди на почеток. Одново почнува и „Тендери“ за изградбата на музејот на ВМРО, исто како и судењето за кинеските автопати, потоа случаите „Талир 1“ и „Талир 2“ за финансирањето на ВМРО и изградбата на Белиот дворец.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button