ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Последниве 24 часа регистрирани 4 нови случаи на ковид-19, почина 1 пациент

Во текот на последните 24 часа, од 1.337 извршени тестови на национално ниво, регистрирани се 4 нови случаи на Ковид-19, од кои 3 се во Скопје, а еден во Прилеп. Како што дознава Алсат, за истиот период излекувани се 14 пациенти. Битката со Ковид-19 во последниве 24 часа ја изгубил 1 пациент.

Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 155.540 случаи, од кои 149.642 се излекувани, а 5.472 починале. Во нашата земја во моментов има 426 активни случаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button