ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Тетово СДСМ во првиот круг со свој градоначалнички кандидат, за вториот… ќе види

Премиерот Зоран Заев ги згасна надежите на албанските партии за предизборна коалиција за поддршка на еден од нивните кандидати за општина Тетово. Заев вели дека СДСМ ќе излезе со свој кандидат во првиот круг и потоа ќе се определи за некој од кандидатите во вториот. Премиерот неодамна ги интензивираше средбите со албанските лидери во коалицијата.

Половина од кандидатури на СДСМ ќе бидат заеднички со коалициските партнери, додека останатите ќе бидат партиски кандидати. Математика за соработка ќе се прави и за општинските совети.

Во врска со отворените листи за советници, Заев додаде дека минатата недела бил постигнат договор со најголемите политички партии односно со ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива. Консултациите продолжуваат и наредните денови. Заев очекува консензус од сите партии, локалните избори да се одржат на 31 октомври.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button