ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лица од врвот на ДУИ вмешани во скандал при увоз на луксузни возила

Лица од врвот на ДУИ вмешани во скандал при увоз на луксузни возила

Според информациите на порталот Вечер.мк, функционери на ДУИ шверцувале автомобили со што го оштетиле државниот буџет со стотици милиони евра. Повикувајќи се на царински извори, порталот пишува дека станува збор за фирмата „СА“, зад која стои Суад Алија, сопственик на продавницата за покуќнина „Хомакс“, кој соработувал со двајцата цариници Менсур Цури и Бесник Османи.

„Царинскиот службеник наместо да се повика на евалуација на каталогот од европскиот систем, при царинењето изјавува дека нема референтна класификација за такво возило и го применува царинењето врз основа на фактурата. Таа фактура прифатена во договорот со увозникот, фирмата „С.А.“ е фалсификувана за значително помал износ. Наместо плаќањето со банкарски трансфер, се фалсификува документ кој покажува дека автомобилот е платен во „готовина“ или е фалсификувана друга платежна трансакција“, се вели во објавата на порталот „вечер.мк“.

Царински извори за „Вечер.мк“ го објаснуваат процесот во кој треба да има увозници, цариници, но треба да има и полиција. При увоз на луксузни возила, увозникот, во случајов компанијата „СА“, контактира со цариниците Менсур Цури и Бесник Османи за да се договорат да пресметаат царинска стапка и данок пониски од каталошката вредност на автомобилот, се вели во објавата на порталот.

„Царинскиот службеник ги прифаќа документите и го царини возилото по значително пониска цена, со што се оштетува државниот буџет. Оваа шема се однесува на најскапите, луксузни возила каде разликата во царинските давачки е поголема и се движи од 10.000 до 30.000 евра по возило. На пример, ако им следува царина од 30.000 евра, тие се согласуваат да платат 5.000 евра на име данок и увозна давачка, а остатокот да го поделат. Луксузните возила ги увезува компанијата „СА“ и потоа се препродаваат на пазарот. Шемата е изработена од цариниците Менсур Цури и Бесник Османи, кои се блиски до царинската управа, каде што се уште директор е Стефан Богоев од СДСМ“, се вели во објавата на порталот „вечер.мк“.

Во декември минатата година беше уништен уште еден канал за шверц на луксузни автомобили.
Основното јавно обвинителство Скопје во декември 2023 година соопшти дека поднело тужба против 18 физички и едно правно лице за шверц на луксузни возила во вредност од над половина милион евра./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button