ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Невладини организации бараат од УНЕСКО Охридскиот регион да стане светско наследство во опасност

Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ поднесе писмо до Комитетот за светско наследство, поддржано од 18 македонски и 15 албански организации, со апел за впишување на Охридскиот регион во Листата на светски наследства во опасност, информираа денеска од „Фронт 21/42“ .
„Триесет и четири организации од двете страни на светското наследство се длабоко загрижени за состојбата на Охридскиот Регион, која не е последица на војна или природна катастрофа, најчестите причини за уништени вредности и прогласување на светски наследства во опасност – туку директен резултат на управувањето со наследството од страна на локалните и централните власти на двете држави“, наведуваат од организацијата.