ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во собраниската Комисија за европски прашања почна тридневната расправа за Предлог законот за државјанство

Собранието почна со разгледување на амандманите на Предлог законот за државјанство. Опозициските партии предложија над илјада амандмани, а шест од нив не се технички регуларни. ВМРО ДПМНЕ и Левица се спротивставија на почетокот на работата на Комисијата за европски прашања поради ненавремено поднесување и преведување на амандманите. Дневниот ред беше усвоен под притисок на опозицијата со процедурални обраќања.

Advertisements

Опозицијата од редовите на Албанците и денеска ги повика парламентарните партии да се вклучат во конструктивна дебата и да предлагаат суштински амандмани.

„Да се разгледа секој конструктивен амандман. Ние ќе дадеме согласност и ќе ги поддржиме. Овој Предлог закон не е наш, туку на оние кои имаат потреба од нас. Тоа е Закон на оние кои на систематски начин 30 години се изоставени“.

Левица се спротивставува на правилата на кои се повика Владата при ставање на европско знаменце во Предлог законот за државјанство.

Дебатата во Комисијата за европски прашања трае три дена. Следната недела се очекува предлогот да се најде пред пратениците за усвојување.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button