МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Резолуцијата требаше да ја предложи власта

Изгласаната Резолуција во Собранието треба да ги исцрта националните и државните позиции во однос на македонскиот јазик, историја и идентитет изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски по изгласувањето на Резолуцијата во Парламентот. Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ  како партија останува посветена на двата клучни приоритети кои се еднакво важни и неразделни, а тоа се евроинтеграциите на Македонија и заштита на македонските национални и државни интереси.

Advertisements

„Овој процес и оваа Резолуција, во нормални услови, требаше да биде водена од власта во Македонија, а не од опозицијата, бидејќи тоа ќе беше израз на политичка одговорност и дека токму најодговорните во една држава се најсвесни за потребата да се гради единство во Македонија по однос на овие прашања. Нема да ги коментираме ситните маневри и игри кои ги гледавме изминатиот период, а имаа за цел да ја релативизираат ваквата Резолуција“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button