МАКЕДОНИЈА

Пронајден починат 44-годишен кавадарчанец, телото предадено за обдукција

Четириесет и четиригодишен кавадарчанец бил пронајден починат, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Advertisements

Тој појасни дека случајот бил пријавен во ОВР Кавадарци вчера во 13.50 часот.

– Било пријавено дека во објект бил пронајден починат 44- годишникот од Кавадарци. Смрт без траги на насилство констатирал лекар, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција, рече Додевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button