ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

И корона вирусот „танцува“ на свадбите, се предлагаат забрани

Се проценува дека свадбите во затворен простор се главната причина за брзото зголемување на бројот на новозаразени во последните денови, особено во Тетовско. Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство утрово предложија забрана за свадби и други собири во затворени простории. Другите гастрономски капацитети не треба да примаат повеќе од 30% од капацитетот, додека на една маса не смее да седнат повеќе од 4 лица. Комисијата за заразни болести предложи да има строги контроли за спроведување на овие мерки и да се интензивира теренската вакцинација.

Здравствените власти алармираат дека новиот бран во кој доминира варијантата Делта на корона вирусот е опасен и не можат да предвидат како понатаму ќе се шири.

„Ова е знак дека бранот започна, тоа е почеток на следниот бран. Тоа е нов бран што се гледа со многу стабилни и многу брзи чекори што ги зголемуваат бројките, што е доста загрижувачко за сите здравствени власти. Овој бран се вели дека е доста опасен, но сепак не можеме да предвидиме како ќе се однесува кај нас со број од околу 30% вакцинирани во земјата и со голем број на оние кои го надминале вирусот. Не можеме да предвидиме. Сметаме дека вештачката имунизација со вакцини и природната имунизација достигнат околу 60-70%, но не можеме да предвидиме каков ќе биде текот на оваа пандемија, се надеваме дека нема да имаме голем шок“, вели Илир Хасани, Заменик – министер за здравство.

Во градот Тетово, бројот на заразени и хоспитализирани е поголем, додека бројот на вакцинирани останува мал, врз основа на бројот на население. Лекарите повикуваат на вакцинација.

„Во болницата во моментов имаме околу 36 хоспитализирани пациенти, од кои околу 30 се на кислородна терапија. Се надеваме дека овој тренд на раст ќе забави што е можно поскоро бидејќи овој огромен раст нема да ни донесе добар крај. Апелирам до граѓаните да се вакцинираат што е можно помасовно бидејќи единствениот начин да не се повтори она што го поминавме е само масовната вакцинација за да се постигне колективен имунитет“, вели Бесник Мустафаи, Лекар.

Досега, во земјава се вакцинирани околу 530 илјади лица. Според Институтот за јавно здравје, досега се хоспитализирани само 11 пациенти вакцинирани со две дози, а од целосно вакцинираните над 420 илјади, само 167 повторно се заразиле.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button