МАКЕДОНИЈА

Лазаревска: Само ВМРО-ДПМНЕ се радува на ветото од Бугарија

Граѓаните својата доверба во владеењето на коалицијата СДСМ-ДУИ ја покажаа пред девет месеци и тоа во екот на ковид пандемијата, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, пратеничката од СДСМ, Жаклина Лазаревска. Говорејќи на темата за евроинтегративните процеси таа меѓудругото рече:

„Граѓаните одлучија дека оваа влада ја води државата на вистинскиот пат. И дека ја подобрува климата за живеење. Економски, социјално…единствено ВМРО-ДПМНЕ сега се радува на ветото од Бугарија. Не е точно дека немаме напредок, може да се проследи од сите извештаи на Европскиот парламент, може да се види дека треба да добиеме датум за почеток на преговорите, тоа беше и заклучено на Советот“, вели Лазаревска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button