МАКЕДОНИЈА

Поведена постапка за сообраќајната несреќа во Куманово​

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка за сообраќајна незгода што се случи на 28 јули 2021 година, околу 13:00 часот на булевар „Трета Македонска Бригада“ во Куманово. Во сообраќајката патничко моторно возило „Форд Фиеста“ удри во пешаци, при што едно лице го загуби животот, а две лица се здобиени со телесни повреди.

Advertisements

– Дежурниот јавен обвинител, при увид на местото на несреќата презеде дејствија во насока на утврдување на причините за сообраќајната несреќа. Повикано е вешто лице од областа на сообраќајот да присуствува на увидот на самото место, издадена е наредба за проверка на количина на алкохол во крв и урина на осомничениот и на двајцата оштетени со здобиени телесни повреди, информираат од Основното јавно обвинителство.

Кај возачот е констатирано присуство на алкохол во организмот од 1,41 г/кг, а направен е и преглед на видеозаписи од камерите поставени во близина на сообраќајната несреќа.

Обвинителството издаде наредба за обдукција на починатото лице и направени се фотографии и скици. Издадена е наредба да се изврши вонреден технички преглед на возилото, како и фиксирање на сите пронајдени траги и предмети, нивно подигање од кримтехника.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button