Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави дека единственото логично решение за него за почетокот на учебната година е одвојување на вакцинирани од невакцинирани ученици постари од 12 години – оние што ја примиле вакцината да одат на училиште, а оние што не примиле, да одат на онлајн часови.
„Не можете заедно да ставите заштитени и незаштитени, пред се, во интерес на незаштитените“, рече Кон, додавајќи дека во ситуација кога бројот на заразените расте, едно од многу важните прашања е како ќе се реши ситуацијата во училиштата.
Според него, Министерството за образование треба да го реши проблемот со наставата и за деца под 12 години.
„Најверојатно, учениците од прво до четврто одделение ќе одат на часови, а петто и шесто одделение ќе комбинираат еден ден онлајн, еден ден на часови. Носењето маски, исто така, ќе биде задолжително“, изјави членот на Кризниот штаб за тамошните медиуми.