ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупционерите гледаат „клиентелизам“ со предизборните вработувања во администрацијата

Вработувања во јавната администрација дури откако ќе завршат локалните избори. Антикоруписка порача дека иако има јавни огласи за околу 300 работни места во службите, сепак оние кои ќе поминат на конкурсите, нема да смеат да се вработат веднаш. Одлуката неколку министерства да објават огласи за нови работници непосредно пред распишувањето на изборите, според антикорупционерите, претставува клиентелизам.

Advertisements

„Со самото објавување тие ги стваат во заложничка позиција оние кои очекуваат да бидат вработени и тоа може да си го користат како класичен клиентелизам односно како обезбедување на гласови. И тие, замислете веќе некои се пријавиле и тие ги имаат нивните информации кои се, кои се нивните семејства, значи има тука простор за поголеми сомнежи и затоа сметаме дека тоа не е во духот на доброто управување“, рече Билјана Ивановска, Претседател на ДКСК.

За Антикорупциска нема основ за смнеж за предизборен поткуп со исплатата на земјоделски субвенции откако веќе се распишаа изборите. Власта деновиве се пофали дека се исплатени 10 милиони евра субвенции на сточарите, а најави и нови.

„Субвенциите се редовна исплата и се исплаќаат секоја година по прграма која ја донесува Агенцијата за финансирање на земјоделството и руралниот развој. Во 2017 се избришани затоа што има одлука на Уставен суд и тие си добиле третман на редовни исплати. Земјоделието не трпи“, додава Ивановска.

Ивановска потсети дека од денот на распишување на локалните избори до нивно завршување, не може да се започне да се градат проекти за кои ќе се плаќа со пари од буџетот. Исклучок е ако за тоа претходно се обезбедени средства и ако се работи за реализација на програма донесена врз закон во тековната година. Забрането е и на 20 дена пред започнување на изборната кампања да има јавни настани за започнување на градба или пуштање во употреба објекти изградени со буџетски пари – патишта, водоводи или канализации. ДКСК информираше дека го обновуваат регистарот на службени возила за да нема злоупотреби со нив при изборната кампања.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button