ВЕСТИЗДРАВСТВО

Во Гостивар во речиси во секое семејство има по еден заразен од ковид

Ситуацијата со ширењето на ковид продолжува да биде крајно алармантна во Гостивар. Само последните два дена бројот на пациенти примени во модуларната болница е зголемен за околу 30 лица.

Advertisements

„Повеќето случаи што доаѓаат во последните денови имаат потреба од кислород и оваа поддршка максимално ја користи болницата. Ситуацијата е навистина алармантна во Гостивар. Апелирам до сите граѓани да се третираат како позитивни. Сигурен сум дека секој во семејството или соседството има позитивен случај врз основа на бројот на контроли што ги направивме изминатите денови. Бројот е околу 48 хоспитализирани пациенти, што е реален број и покажува дека имаме крајно алармантна ситуација. Нема да го наречам бран, туку ова е вирусно цунами што ни се случува“, рече Гент Биљали. инфективно одделение, Гостивар.

Заедно со бројот на заразени, се зголемува и бројот на оние што сакаат да се вакцинираат. Пред центрите за вакцинација ретко кој внимава на заштитата, не се држи растојание и не се носат маски.

„Чекавме долго време, најмалку два часа. Имав термин во десет и пол. Функционира како во комунизмот, полицијата ги чита имињата, а имаме термин, не знам што е ова“, вели еден од присутните.

Во Гостивар се зголемува и бројот на лица помлади од 17 години кои се заинтересирани да се вакцинираат.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button