РЕГИОН

(ВИДЕО) Силно невреме ги погоди Загреб и Подгорица, превртени авиони, откорнати дрвја

Загреб синоќа го зафати силно невреме, проследено со силен дожд и грмежи и град.Според снимките на читателите на „Јутарњи лист“, некои улици во градот се поплавени, а сообраќајот е отежнат.

Advertisements

Невреме со пороен дожд, град и силен ветер,утрово ја погоди црногорската престолнина Подгорица, а делови од градот останаа без струја. Дирекцијата за вонредни состојби ги повика граѓаните да ги прилагодат активностите кон најавената метеоролошка состојба денеска, утре и во вторник, бидејќи се очекуваат нестабилни временски услови со врнежи од дожд, грмежи и силно, и повремени налети на силен јужен ветер, пренесува Вијести.

Невреме го зафати и Јадранот. Европскиот центар за предвидување на појава и интензитет на бури Естофекс за денеска и вечерва го стави под втор степен подрачјето долж Јадранот. Тоа значи локално пообилни врнежи, можни поплави, пијавици на море, град, урагански ветрови, пишува Јутарњи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button