ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Домашните туристи и годинава најбројни во Охрид

Со цели торби храна,точно испланирано за десет дневен престој доаѓаа дел од домашните гости,ова лето во Охрид, се жалат сопствениците на приватни апартмани.Во недостиг на странски туристи, кои сезонава ги има во далеку помал број,од вообичаеното, најбројни беа македонските. Но за да се заштеди скромниот буџет, кои треба да издржи за цел месец, а не само за деновите на одмор, имало и вакви ситуации.

Advertisements

„Кај еден комшија, од Струмица дојдоа гости и велат нема да останеме мали ви се фрижидерите. Тој му вели како мали, во секоја соба има фрижидер. И потоа излезе дека гостите носат девет килограми замрзнато месо, една гајба домати, една вреќа пиперки, четири лубеници. И беше чудно за нас.Комшијата му излезе во пресрет му го остави својот грижидер и шпоретот. Имаше едни гости дојдоа десет дена и со нив носеа десет кокошки“, изјави Ванчо Ристески-сопственик на приватни апартмани.

Но не е само тоа.Има и други интересни ситуации.

„Во нашите апартмани се соочуваме со крадење на пешкири,фенови, крадење на пегли.Валкање големо, па дури и со неисплаќање на целата сума“, рече Ванчо Ристески- сопственик на приватни апартмани.

Охрид треба точно да знае каков туризам сака, велат од туристичкиот сектор.На градот велат му се потребни гости со подлабок џеб.

„Треба да се вложи повеќе напор за да се привлечат странските туристи. Сепак и нашите туристи не се за занемарување, но Охрид секогаш може да понуди нешто повеќе.Ние работиме со инкаминг туризам и доста туристи од Централна Европа ни доаѓаат и се трудиме да ги привлечеме нив повеќе од причина што тие се како потрошувачи на многу повисока класа од домашните туристи.Ова со коронова нас ни ги скрати тие нозе“, нагласи Апостолис Карајанис-сопственик на туристичка агенција.

Наспроти ова, многу често можат да се слушнат критики дека Охрид е скап, дека цените се исти како на море, нешто што туристичките работници го негираат. Хотелиерите велат дека ова и минатото лето, поради пандемијата со Ковид 19, многу од македонските граѓани, за прв пат дошле во Охрид или Струга, во ситуација кога наместо на море се одлучиле да одмараат покрај Охридското езеро.

Мики Трајковски

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button