ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Денеска и утре нови уписи во УКИМ

Денеска и утре е првиот рок од пријавувањето за упис на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за кандидатите кои се рангираат само според успехот во средното образование. За оние кои се рангираа и според успехот и според тестирањата, пријавувањето заврши на 26 и 27 август. Вкупно 10.678 места се слободни во прва година на факултетите на скопскиот универзитет. Вториот рок за пријавување е на 16 и 17 септември, а третиот на 28-ми.