Пописот се одвива непречено во сите општини во земјава

Во сите општини во земјава процесот на попис на населението се одвива без проблеми. 5.000 попишувачи во осум часот наутро излегоа на терен одејќи од куќа до куќа за да ја извршат статистичката операција. Во Чаир, попишувачите рекоа дека не наишле на затворени врати, додека процесот се одвива според предвидувањата.
Претставниците на Државниот завод за статистика велат дека граѓаните треба да се чувствуваат безбедно и дека нивните лични податоци нема да бидат злоупотребени.
„Пописот на населението, домаќинствата и становите во секоја земја во светот, но и кај нас се прави само за статистички цели. Овој процес нема никаква врска со политиката и индивидуалните податоци. Сите податоци што ќе се соберат во процесот на пописот, ќе се користат само за статистички цели и ќе се објавуваат само збирни, обработени податоци, нема да се објавуваат индивидуални податоци што би ја загрозиле приватноста на луѓето или било што. Нема политика, нема поени во овој процес“, вели Беким Бериша од Завод за статистика.
Државниот завод за статистика упати апел до граѓаните да бидат внимателни и да не стануваат жртви на разни злоупотреби и да не даваат информации доколку на нивната врата се појави попишувач без соодветна легитимација.
Вјолца Алити