ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На 30 -годишнина од независноста, граѓаните го кажаа своето мислење за напредокот на земјава

По 30 години независност, еве што мислат граѓаните. Дали Северна Македонија се движи во вистинската насока? Кои се одлуките, кои можеби не им се допаднале многу, донесени од претходните влади? Што може да се смени? Што функционира, а што не, според нивното мислење?

Advertisements

“Што се однесува до нас како Албанци, ми се чини дека сѐ уште сме зависни. За нас независноста не е целосна. Во која било институција, секаде зависиме од бројките, од процентот. Ако споредиме со Албанија, ние сме многу заостанати. Овие 30 години заостануваме, многу заостануваме. Косово напредуваше многу повеќе за 10 години отколку ние за 30 години. Најголемата инвестиција, според мое мислење, треба да се направи во образованието. Тука лежи клучот на секој напредок на државата. Во моментов образованието во нашата земја е многу заостанато, многу запоставено. Тие кои се носители на развојот на една држава, се многу малку стимулирани. Во последно време во албанското образование имаме многу недостаток на кадар“, рече еден граѓанин.

“Можеа да сторат многу подобро. Правдата не е никаде, ја нема никаде. Албанците ги затвораат“, додава друг.

“Можеа да направат многу повеќе. Како што ја водат сега, оди на многу полошо“, смета едно од анкетираните лица.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button