ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски во ОН: Предизвиците бараат одговорно визионерско лидерство, поголема емпатија, соработка и солидарност

Почетокот на крајот на пандемијата е на повидок, треба да поддржиме нови идеи и иницијативи, а при соочување со сложените и меѓузависни проблеми на новото време ни треба посилно и подлабоко партнерство и солидарност. Тоа се дел од пораките што ги упати претседателот Стево Пендаровски, во обраќањето на генералната дебата од 76. сесија на Генералното собрание на ООН во Њујорк.

Пендаровски исто така ги потенцираше сериозните предизвици со кои се соочува Западен Балкан во однос на европската интеграција.

„Ако сакаме стабилен и просперитетен Западен Балкан како важна алка во континенталната и трансконтинентална стабилност и безбедност, мора да разбереме дека итно е потребен пробив на планот на неговата европска интеграција“, укажа Пендаровски, наведувајќи дека нашата држава продолжува да ги зајакнува внатрешната стабилност и развојот, како функционално мултиетничко општество, засновано врз начелата на демократија, владеење на правото и човековите права.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button