ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сочувство од регионот и меѓународните организации за трагедијата во Тетово

По трагедијата во Тетово, пристигнаа сочувства и понуди за помош од земјите од регионот и ЕУ. Премиерот на Албанија, Еди Рама изрази сочувство на социјалните мрежи.

Advertisements

„Обединувајќи се со сите вас со најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од синоќешната трагедија во ковид центарот во Тетово. Братска прегратка за целата тетовска заедница и за сите луѓе од Северна Македонија, ви посакувам мирен ден на сите и на вашите семејства“, порача албанскиот премиер, Еди Рама.

Од Косово, министерот за одбрана Арменд Мехај изрази сочувство до семејствата и роднините и понуди поддршка во справување и надминување на ситуацијата.

„На министерката за одбрана, Радмила Шекеринска – Јанковска и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, покрај најдлабоките сочувства, ги понудив сите наши капацитети за поддршка од штабот за итни случаи, за управување и надминување на трагедијата во модуларната болница во Тетово“, рече Мехај.

Сочувство и понуда за помош дадоа и српската премиерка Ана Брнабиќ и претседателот Александар Вучиќ.

„Исклучително сум трогнат од веста за пожарот во болницата во Тетово. Ја споделуваме големата болка со луѓето од Северна Македонија, подготвени да понудиме секаква братска помош“, порача Вучиќ.
Сочувство пристигнаа и од претседателот на Словенија Борут Пахор. Во име на 47 земји-членки на Советот на Европа, генералниот секретар Марија Пејчиновиќ Буриќ изрази сочувство за смртоносниот настан. Сочувство испратија и од Европската унија и Амбасадорскиот совет.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button