ЕКОНОМИЈА

Македонски телеком во финална фаза на проектот „Скопје – паметен град“

Скопје наскоро станува комплетно паметен град или универзално кажано „смарт-сити“. Македонски телеком е во финална фаза во имплементирањето на иновативната и напредна технологија, со која главниот град ќе добие поздрава животна средина, намалување на трошоците, подобри услуги, комуникација и поголема безбедност. Од Македонски телеком велат дека досега поставиле 10 илјади паметни светилки, сензори за паркинг, станици за следење на микроклиматските параметри, уреди за мерење на потрошувачката на вода и слично.

Advertisements

„Верувам дека ова ќе придонесе за побезбедни улици, ќе придонесе за подобро регулиран сообраќај, предвидливост во делот на ресурсите коишто се на располагање за паркирање. Дали на одредена локација има паркинг место или не. Подобро искористување на природните ресурси, на пример водата, местат каде се случува загуба на вода или диво приклучување“, рече Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button