ВЕСТИРЕГИОН

Борисов ја поддржа кандидатурата на Герџиков за претседател

Партијата ГЕРБ на бугарскиот премиер Бојко Борисов одлучи да го поддржи ректорот на Софискиот универзитет, Атанас Герџиков, во неговата кандидатура за претседател.

ГЕРБ објави дека го поддржува Герџиков (58), професор по литература, кој е на чело на најпознатиот бугарски универзитет од 2015 година, и кој ќе биде противник на претседателот Румен Радев (58) за позицијата што е повеќе протоколарна и претставува морален авторитет.

Advertisements

“Професорот Герџиков е човек кој може да ја обедини нацијата. Бевме задоволни од веста дека тој ќе биде предложен од независен одбор и решивме да го поддржиме”, изјавил Борисов.

Редовните избори ќе се одржат заедно со предвремените парламентарни избори во ноември.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button