ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Русија прогласи македонски дипломат за „персона нон грата“

Москва прогласи дипломат од амбасадата на Република Северна Македонија во Москва за „персона нон грата“ како одговор на сличната одлука на Скопје во август.

Advertisements

На 4 октомври, Оливера Чаушевска-Димовска, амбасадорката на Северна Македонија во Москва, денеска била повикана во Министерството за надворешни работи на Русија и информирана дека член на амбасадата е прогласен за „персона нон грата“.

„Мерката е одговор на сосема неоснована одлука за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за ’персона нон грата‘ донесена од страна на Северна Македонија во август оваа година“, соопшти руското МНР.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button