ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сакеларопулу – Пендаровски: Договорот од Преспа е клучен во односите меѓу Северна Македонија и Грција

Договорот од Преспа, неговата целосна и доследна имплементација, можностите за продлабочување на билатералната соработка беа темите на кои се осврнаа претседателите на Северна Македонија и на Грција Стево Пенадровски и Катерина Сакеларопулу во Претседателската палата во Атина.

Advertisements

Двајцата претседатели ја истакнаа важноста на официјалната посета со оглед на тоа дека станува збор за прва на највисоко државно ниво, јави дописничката на МИА од Атина.

– Вашата посета е прва официјална посета на претседател на Република Северна Македонија во мојата земја. Па така добива особена важност и симболика за односите меѓу нашите земји, рече грчката претседателка.

Претседедателот Пендаровски истакна дека иако, како што наведе, не е склон кон политичка патетика, сепак, мора да каже дека оваа посета и средбата со Сакеларопулу имаат секако историска димензија.

– Да имате прва средба на највисоко политичко ниво по 30 години меѓу две земји кои се директни соседи е значајна работа. Ние и претходно имавме одлична соработка, но од 2018 година ја поставивме таа политичка и правна рамка наречена Преспански договор која ни овозможи уште подбро да соработуваме. Вие сте правник, како и јас. Сакам да ви кажам еден правен принцип кој вие добро го познавате, а до кој ние имаме намера да се држиме во однос на Преспанскиот договор – Pacta sunt servanda, што значи дека договорите треба да се чуваат и да се почитуваат, порача Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button