Засега Владата не е загрижена за растот на цените на прехрамбените производи

Власта ги обвини бизнисмените дека претерале во најавите за зголемување на цените на нивните производи. Признаваат дека има зголемување на основните суровини кои ќе предизвикаат раст на цените на храната, но тој нема да достигне 50 насто како што алармираа од бизнис заедницата. За премиерот Зоран Заев инфлацијата ќе биде на ниско ниво и затоа граѓаните не треба да ставуваат од раст на цените на храната.
„Претерано е кажувањето од 50 проценти ќе пораснат цените, тоа апсолутно не е точно. Инфлацијата во државата е контролирана и е до 2,7 проценти и таа е на ниско ниво, инфлација се чуствува над 10 проценти. Ние не можеме да бидеме изолирани од светот како во светот се случуваат работите така и кај нас, затоа што сме отворен пазар, поврзани сме и зависни од европските пазари. Во прехрамбената индустрија ги имаме алатките на стоковните резерви за итнеревенции за да смириме временски шокови.“
Владините претставници тврдат дека мерки доколку треба ќе бидат донесени, но не е време јавноста да знае какви мерки би се преземале поради изборната кампања.
„Не би сакале да кажеме што се мерките, евентуално би донеле во одреден временски период зошто различно се толкуваат. Прво заради предизборниот период, но и заради мерки кои што се уште бараат дополнителни анализи од наша страна. Да ја слушнеме другата страна, зошто вчера само имавме една нивна изјава без да видиме од каде потекнува таа изјава, дека би можеле да имаме евентуален ценовен шок во одредени производи за граѓаните.“
И од Министерството за финансии не откриваат дали веќе се размислува за креирање на фискални политики доколку се случи раст на цените на производите. Од Министерството за економија најавија дека како мерка е можно замрзнување на цените. Народната банка која е задолжена за контрола на инфлацијата, денеска не излезе со став околу можните мерки. Податоците на Државниот завод за статистика во последната година постојано бележи раст на трошоците за живот. Цените на мало забележале раст од 4,9 насто споредно со август претходната година, додека трошоците за живот бележат зголемување за 3,6 насто.
Andrea Çobanova