ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Покапената струја за компаниите, ќе ја плаќаат граѓаните

Сметката за поскапената цена на електричната енергија на крајот на денот пак ќе ја платат граѓаните. Иако цената на струјата за домаќинствата ќе остане иста, а  поскапувањето први ќе го почувствуваат компаниите, повисоката сметка сепак ќе ја платат граѓаните преку повисоките цени на другите производи вели Трајан Ангеловски од ССК. Според него, интервентниот увоз на јаглен е само гаснење на пожар. Властите треба да дозволат на домаќинствата преку соларни панели да произведуваат струја,а на компаниите да им се скратат бирократски процедури за фотоволтаични панели.

“Некој ќе треба да го плати тој ручек дали директно граѓаните или владата ќе субвенционира, но пак на крајот на денот преку даноци граѓаните ќе ја платат цената на струјата. Во Македонија намерно или не, дозвола ви треба за инсталирање фороволтаични централи до 20 киловати и веќе влегувате во бирократскиот апарт,таа постапка трае една година прекомплицирана е, преобемна и предизвикува едно обесхрабување да се инвестира во тој дел, и треба да се размислува да се даде можност на домаќинствата да инсталираат соларни колектори за производство на струја.“

Властите најавија активирање на погонот и третиот блок на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј најверојатно во декември за да може да се произведува дополнително електрична енергија, дотогаш компанииите ќе плаќаат повисоки сметки за струја. Според анализите на светските економисти, енергетската криза се должи поради зголемувањето на побарувачката во време кога понудата е многу ниска. Одлуката да се исклучат термоелектраните во борба со климатските промени драстично го намали производството на струја, а од друга страна обновливите извори на енергија засега не можат да го достигнат истото ниво на производство.

Andrea Çobanonva

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button