ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Замрзнувањето на цените не е долгорочна мерка

По вчерашното алармирање на бизнис секторот дека најавата за замрзнување на цените може негативно да влијае врз стопанството, од владата за Алсат денеска велат дека ќе се превземат соодветни мерки доколку ценовните притисоци продолжат, а со цел да се заштити стандардот на граѓаните. Од Илинденска број два додаваат дека состојбата со растот на цените се следи и до крајот на годината не се очекува енормно зголемување на цените, а според властите инфлацијата се очекува да остане во зоната на ниска инфлација.

влада

„Будно ја следиме ситуацијата и во зависност од тоа како ќе се движат цените на суровините и репроматеријалите во делот на увозот и производството на производите кај нас ако има ценовни шокови веднаш ќе постапиме повикувајќи се на Законот за трговија и за големопродажба и за малопродажба како што веќе направивме претходната година кога не дозволивме енормно зголемување на цените на основните прехранбени продукти. “

Бизнис заедницата пак стравува дека доколку владата реши да замрзне дел од цените на основните производи и услуги кои граѓаните најчесто ги набавуваат, можно е зголемување на работата на црно. Замрзнувањето на цените според стопанствениците не е долгорочна мерка, ниту пак во целост ќе ги реши проблемите со инфлацијата.

„Се надеваме дека владата нема да посегне по лимитирање на цените. Тоа е нешто што не смееме да си го дозволиме како пазар, затоа што тоа секогаш упатува на црн пазар, шверц или проблематични позиции.“

Опозицијата пак смета дека власта имала можност да го ублажи ценовниот шок. Но според ВМРО-ДПМНЕ лошите економски политики водени од владата резултирале со сериозен удар по џебот на граѓаните кој допрва ќе го почуствуваат.

ВМРО-ДПМНЕ

„Цените скокаат, а Заев лаже дека сè е во ред. Цените на основните продукти во последната година дена се зголемени и до 20% при продажба на мало, тоа не треба да го кажат некакви истражувања, тоа го чувствуваат и гледаат граѓаните секој ден.“

Од Народната банка посочија дека стапката на инфлација ќе биде повисока од првично проектираната за оваа година. Сите официјални извештаи веќе потврдија дека живеачката е се потешка, за една година цените на мало се зголемени за 5,6 отсто, трошоците за живот се пораснати за 3,7 отсто а пак вредноста на минималната потрошувачка кошничка е поскапа за речиси 1000 денари.

Ile Petrevski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button