ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Партиите ги презентираа програмите за парламнетраните избори

Партиите ги презентираа програмите за парламнетраните избори

Лидерот на партијата „Левица“ Димитар Апасиев пред жителите на Битола ја презентираше таканаречената „Македонска Платформа“. Тој рече дека оваа платформа е за зачувување на територијалниот интегритет, суверенитет и државните симболи. Тој подвлече дека пред граѓаните има три платформи, а тие сами ќе одлучат која ќе ја изберат.

Социјалдемократите во Неготино. Претседателот на оваа партија, Димитар Ковачевски, рече дека дел од граѓаните изразиле незадоволство од политиките на оваа партија. Тој подвлече дека концептот „општество за сите“ често бил злоупотребуван од одредени политички структури, но подвлече дека следниот пат ќе бидат повнимателни.

Коалицијата ВРЕДИ продолжува со директни средби со граѓаните, презентирајќи им ја нивната програма. Изет Меџити изјави дека се процесуираат сите изборни злоупотреби што ги прави Европскиот Фронт, посочувајќи дека по изборите ќе има одговорност.

„Европскиот Фронт, покрај уцените што ги прави, освен што ги злоупотребува институциите, МВР, Исламската Заедница, полицијата, притисоците, купувањето гласови. Знаеме и колку пари размениле по менувачниците на Скопје, Тетово, знаеме и кој ги купил гласовите… Сето ова е документирано и ќе биде процесуирано на суд и ќе одговараат“, рече Изет Меџити, ВРЕДИ.

ВМРО-ДПМНЕ ја презентираше програмата пред жителите на Куманово. Лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски вети дека партијата што ја предводи ќе го промени имиџот на државата. Додека по падот на оваа власт, противниците ќе се соочат со одговорност.

Кандидатот за пратеник од Европскиот Фронт, Наим Бајрами, порача дека државата мора да го следи европскиот пат. Тој ги оцени изборите на 8 мај како референдум за европската иднина на земјата, притоа подвлекувајќи дека одложувањето на преговорите за членство ќе значи стагнација, неизвесност и изолација.

„Одложувањето на разговорите за членство во европската унија или отфрлувањето на европската агенда го доведува во прашање процесот на реформи во земјата и како резултат на тоа ризикуваме со стагнација, неизвесност, изолација и немање јасна развојна перспектива“, рече Наим Бајрами, Европски Фронт./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button