ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поднесено обвинение против 12 лица од Aгенцијата за млади и спорт за проневера на над 5 милиони евра

Поднесено обвинение против 12 лица од Aгенцијата за млади и спорт за проневера на над 5 милиони евра

Јавното Обвинителство поднесе обвинение против 12 лица поради сомнение за проневера на 5,7 милиони евра државни пари од буџетот на Агенцијата за млади и спорт. Според Обвинителството, предлогот е на иницијатива на Комисијата за спречување на корупција. Од Јавното Обвинителство не даваат повеќе информации, но кусо велат дека надлежниот обвинител до судот ги доставил предложените обвиненија и побарал мерки за претпазливост против осомничените.

„Постапувајќи по иницијатива на државната Комисија за спречување на корупцијата, соодветниот обвинител поднесе предлог-обвинение против 12 лица за сторени кривични дела „злоупотреба на службената должност“ и „несовесно работење“. За осомничените од кривичниот суд се побарани мерки на претпазливост“, велат од Јавно Обвинителство.
Антикорупциска пред повеќе од една година најави дека поради сомнение за злоупотреба и непочитување на ваучер-системот за финансирање и распределба на фондации на спортски клубови, до јавното обвинителство поднесе иницијатива за кривично гонење на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и двајца членови на Централната комисија. Оваа институција најави и иницијатива до владата за проверка на одговорноста, а дополнително побарала и вонредна контрола од Управата за Јавни Приходи.

Сомнежите на Антикорупциска беа дека директорот и членовите на Централната комисија во текот на 2020, 2021 и 2022 година, непочитувајќи ги законските процедури и фаворизирајќи одредени клубови и субјекти, злоупотребиле 5,7 милиони евра од државниот буџет. Неофицијално се дознава дека меѓу осомничените има и имиња познати од партиските органи на СДСМ и други лица инволвирани во македонскиот олимписки комитет. Според извори на Алсат, штетата на државниот буџет е докажана и преку финансиско вештачење./Алсат.мк

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button