ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Димитров за Би-Би-Си: Со оспорувањето на јазикот и на европската иднина, Бугарија прави тешко да ја гледаме како пријател

„За прв пат по неколку години, ЕУ успеа да постигне консензус за да ја потврди својата посветеност кон проширувањето. Во таа смисла, сега барем имаме политички сигнал, но тоа што ќе биде потребно за да се врати довербата кај луѓето дека тоа е всушност возможно, дека навистина постои европска иднина за нашиот регион, покрај добрите зборови, е акција“, рече вицепремиерот Никола Димитров, во интервју за Би-Би-Си.

Advertisements

Запрашан за проблемот на Бугарија, во врска со македонскиот јазик, Димитров вели:

„Во Европа на 21 век, на кој јазик зборуваме, кој ни е мајчин јазик – за етничките Македонци во Северна Македонија тоа е македонскиот јазик; ова е прашање за луѓето во земјата. Ова не е прашање за друга земја, не е прашање за меѓународна организација“.

Вицепремиерот Димитров одговори и на прашањето – Дали сѐ уште нашата страна би можела да ја чувствува Бугарија за пријател:

„Искрено, тие тоа го прават многу тешко. Не е пријателски да го доведувате во прашање јазикот на вашиот сосед. Не е многу пријателски да се блокира нешто што е толку важно за луѓето во Северна Македонија – нашата европска иднина. Навистина е тешко на некој начин да продолжите да ги нарекувате пријатели“, нагласи Димитров.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button