Мета со критики кон Рама: Сѐ упропасти!

Албанскиот претседател Илир Мета остро го критикуваше премиерот Еди Рама, наведувајќи дека изјавите на албанскиот премиер му штетат на процесот за признавање на Косово како независна држава, пренесува Репортери.
„Како може премиерот на Албанија да каже во косовскиот парламент на 10-годишнината од независноста на Косово дека ќе имаме заеднички претседател за неколку години. Србија експресно реагираше! Ова не е случајно. Тоа значи дека Косово не треба да биде држава, не треба да се признава затоа што еден ден ќе биде припоено кон Албанија“, рече Мета.
Претседателот на Албанија вели дека Рама, кога го тужел Харадинај, го сторил тоа со цел да го дефакторизира Косово во преговорите.
„Што значи ако премиерот на Албанија го тужи премиерот на Косово. Зошто го прави ова? Тужи бидејќи добил наредби за дефакторизација на Косово во преговарачкиот процес. Зошто се повлече од судењето по неколку месеци? Затоа што ќе се докаже дека Рама предложи поделба на Косово. Јас сум сигурен во тоа 1.000 проценти“, рече Мета, пренесува Косово-Онлaјн.