ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во земјава се чувствува недостиг на кадри, работници си одат во странство

Поради одливот на стручна работна снага надвор од државава, во Македонија сè повеќе се јавува дефицит на квалификуван кадар во повеќе дејности. Според проценките и истражувањата на Организацијата на работодавачи на Македонија, најголем недостиг има во угостителството и електро-индустријата.

Advertisements

„Во делот на угостителството можеби е како резултат на ковид-ситуацијата во последните две години. Меѓутоа овој недостаток во делот на електро-индустријата е многу долгорочен и сметаме дека сериозно треба да се разгледува. Можеби ниските плати беа проблем во изминатиот период, но во периодот минатата година и годинава, ниските плати не се сериозен проблем за младите. Многу подлабок е проблемот. Проблемот е институционален“, изајви Владанка Трајковска, Претседателка на Организација на работодавачи.

И од хотелската асоцијација, велат дека проблемот со недостиг на стручен кадар, особено на готвачи, слаткари, келнери, шанкери станува сè посериозен. Најголем проблем се ниските плати.

„Повеќе се заинтересирани за административните работи. Платите како плати, соодветно на производот кој го даваме како хотели, ресторани, се тие што се можни да се исплатат сега со закон…“, изтакна Крсте Блажевски-претседател на ХОТАМ.

Хотелиерите сметаат дека дополнителен проблем е што многу малку деца се запишуваат во средните угостителски училишта и покрај тоа што по завршувањето на образованието, тие добивале понуди за вработување. Само 10% од вкупно запишаните средношколци, се запишале на струки потребни во угостителскиот сектор. Засега од Организацијата на работодавачи немаат точен податок колку работна сила фали во овие два сектора, но очекувањата се дека бројот постојано ќе расте.

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button