ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонците ќе може да патуваат во Британија со сертификатите за вакцинација

Со новите протоколи за ковид 19 на Обединетото Кралство на Велика Британија, Република Северна Македонија преминува во зелената листа на држави и територии на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација.

„Граѓаните на Република Северна Македонија кои патуваат во Велика Британија, и кои примиле вакцина во земјава, ќе се сметаат за целосно вакцинирани лица под следните услови: да поседуваат со себе сертификат за вакцина за да го докажат статусот на вакцинација; да имаат примено комплетна вакцина (2 дози) најмалку 14 дена пред да пристигнат во Велика Британија; да бидат вакцинирани со некоја од следниве вакцини: Оксфорд/АстраЗенека, Фајзер/Бионтек, Модерна, Јансен; сертификатот за вакцинација како доказ да биде издаден од национален или државен орган за јавно здравје и да е на англиски, француски или шпански јазик“, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button