ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одбележан Први мај, работниците бараат повисоки плати

Додека некои го користат слободниот ден за пикник, на 1 Мај работниците протестираат. Во Скопје, вработени во јавниот и приватниот сектор го изразија својот револт за правата што им следуваат, а како што велат, им ги ускратуваат работодавците. Протестот започна од зградата на ССМ кон Собранието.

Маршот продолжи кон Владата. Улиците беа блокирани, а протестот беше обезбедуван од полицијата.

Но, денеска не протестираа сите синдикати. Од Конфедерацијата на слободни синдикати велат дека немаат каде да протестираат, кога има техничка влада и се меѓу два изборни процеса.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button