ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЕК: Затајува грижата за животната средина

Земјава треба сериозно да работи на поглавјето 27 за животната средина и климатските промени. Иако има некакво ниво на подготовка, Европската комисија во извештајот за годишниот напредок на земјава, констатира ограничен напредок во заштитата на природата, и дека земјава затаила во имплементацијата на регулативите за животната средина и климатските промени.За следната година, ЕК бара да се спроведе:

Advertisements

Извештај на ЕК за поглавјето: животна средина
Да се подобрување меѓусекторската координација и да се зголемат финансиските средства за намалување на загадувањето на воздухот на локално и национално ниво;
Да се направат значајни чекори за воспоставување регионален систем за управување со отпад;
Спроведување на Договорот од Париз, вклучително и со усвојување на сеопфатна климатска стратегија и закон, во согласност со рамката на ЕУ 2030 година.

Центарот за истражување и информирање за животната средина, Еко – свест, се сложува со забелешките на Европската Комисија. Оттаму велат дека иако државата има амбициозни цели, сепак нема институционална и правна рамка кога станува збор за климатските промени, опфатени во поглавјето 27.

„Најголемата забелешка е дека имаме документи кои ги носиме и во нив имаат висока амбиција, меѓутоа сепак нема планови, нема конкретни планови за имплементација и не се спроведуваат доволно“, изјави Елена Николовска, Еко – Свест.

Според Николовска, институциите немаат капацитет за да ги спроеведат новите еколошки стартегии и регулативи.

„Конкретно ако зборуваме за климатски промени кое е огромно меѓусекоторско прашање, ние моментално имаме само еден човек кој работи во Министерство за животна средина, а тоа не треба да биде така. Има повеќе релевантни институции кои ја работат оваа тема и кога ќе треба да ги спроведат законските обрски кои ќе потекнат од транспонирање на целосната европска регулатива за климатски промени, само како еден пример“, рече Елена Николовска, Еко – Свест.

ЕК заклучува дека преземените активности не се доволни и загадениот воздух останува прашање кое загрижува.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button