ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Села се сретнаа во Собранието за да ја потврдат меѓусебната поддршка

Хрситијан Мицкоски и Зијадин Села се сретнаа далеку од очите на јавноста за да ја потврдат меѓусебната поддршка во вториот круг од изборите. Двајцата лидери на опозициските партии се состанаа во Собранието за да ја потврдат поддршката во општините каде на едниот субјект му се потребни гласовите од другиот. На средбата не присуствуваше лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

„На состанокот се направи изборна анализа од првиот круг и се афирмираше меѓусебна поддршка во општините каде што ќе има втор круг. Беше посочено дека се потребни промени и нова иднина која ја очекаат граѓаните “, се вели во соопштение од средбата Мицкоски-Села во Собрание.

Истото соопштение за средбата Села-Мицкоски го испрати и Алијанса за Албанците, нагласувајќи дека коалицијата со Алтернатива е стабилна и дека работат на ново парламентарно мнозинство.

„Коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернатива е стабилна и заедно работиме на создавање ново парламентарно мнозинство во многу краток период“, велат од Алијанса за Албанците.

Партијата на Села денеска не одговори дали партиските тела ќе се соберат за да одлучат за поддршката за Билал Касами во вториот круг во Тетово. Во прелиминарното соопштение огранокот на Алијанса во Тетово соопшти дека се уште нема одлука за поддршка на едниот или другиот кандидат. Во меѓувреме, од Движењето Беса денеска кратко изјавија дека повик за поддршка на Касами во Тетово е упатен до сите страни и секој субјект што има подготвеност за соработка е добредојден.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button