БЕСА и Алијанса се договорија за гласањето во недела

Движењето Беса и Алијанса за Албанците постигнаа договор за меѓусебна поддршка на кандидатите за градоначалници во општините каде што се натпреваруваат. Генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, ги повика своите активисти да ги поддржат кандидатите на Алијанса во вториот круг. Партијата на Биљал Касами бара и меѓусебна поддршка за своите кандидати во Тетово и Желино.
„Во вториот круг од локалните избори, сите гласачи на Беса треба да ги поддржат кандидатите на Алијанса за Албанците и со тоа да помогнат во политичкиот пораз на ДУИ и ДПА.“
Ист повик стигна и од Алијанса. Арбен Таравари ја потврди поддршката за кандидатите на Беса, повикувајќи го електоратот да му даде глас на Биљал Касами во Тетово и на Блерим Сејдиу во Желино.
„Нашите членови и симпатизери и сите други гласачи ќе ги поддржат кандидатите на Движењето Беса во општините каде што се соочуваат со ДУИ, зборувам за Желино и Тетово. Во координација сме со Алтернатива и мислам дека во наредните часови ќе излезат и тие или ќе продолжиме да се координираме. Станува збор за општините каде што се натпреваруваат Алијанса, Алтернатива и Беса.“
Овој договор меѓу Беса и Алијанса доаѓа еден ден по истиот чекор на Али Ахмети и Мендух Тачи за поддршка на кандидатите на ДУИ во општините каде што се натпреваруваат.
Adrian Kerimi