ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари најавува ново парламентарно мнозинство после 31 октомври

Движењето Беса и Алијанса за Албанците постигнаа договор за меѓусебна поддршка на кандидатите за градоначалници во општините каде што се натпреваруваат. Ова го потврдија двајцата генерални секретари на партиите Аријанит Хоџа и Арбен Таравари.

 „Во вториот круг од локалните избори, сите гласачи на Беса треба да ги поддржат кандидатите на Алијанса за Албанците и со тоа да помогнат во политичкиот пораз на ДУИ и ДПА.“

„Нашите членови и симпатизери и сите други гласачи ќе ги поддржат кандидатите на Движењето Беса во општините каде што се соочуваат со ДУИ, зборувам за Желино и Тетово. Во координација сме со Алтернатива и мислам дека во наредните часови ќе излезат и тие или ќе продолжиме да се координираме. Станува збор за општините каде што се натпреваруваат Алијанса, Алтернатива и Беса.“

Прашан дали пратениците од Алтернативата ќе влезат во парламентарното мнозинство, Таравари рече дека тоа нема да се случи бидејќи по изборите заедно со Алтернативата ќе го формираат новото парламентарно мнозинство.

Не верувам дека ќе се случи, дека ќе има ново мнозинство. Ќе стане дел од Владата, но заедно со нас и другите партии, но со ново мнозинство…“

Инаку, денешниот договор меѓу Беса и Алијанса доаѓа еден ден по истиот чекор на Али Ахмети и Мендух Тачи за поддршка на кандидатите на ДУИ во општините каде што се натпреваруваат.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button