ЕКОНОМИЈА

Алкалоид со добивка ги заврши првите три квартали од 2021

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ АД Скопје со инвестиции во вредност од над 850 милиони евра, со 178 нови вработувања во земјава и со консолидирана добивка од 17% во периодот јануари – септември 2021 година. Според билансот на приходите, во овој период јануари – септември 2021 година, продажбите изнесуваат 7.165.890.933 денари што е за 4 насто повеќе во однос на истиот период лани. Од друга страна, вкупните консолидирани продажби, изнесуваат 9.449.288.430 денари што е за 6 насто повеќе во однос на истиот период лани. Најпродавани производи се фармацевтските производи со 87 отсто. Најмногу се продадени антибиотици или 19 отсто, кардиолошки препарати од 14 отсто, невролошки со 14 и ОТЦ препарати со 20 отсто. Во секторот хемија, козметика и хербализам вкупната продажба е 13 отсто. Хемиските препарати учествуваат со 3 отсто, козметиката со 8 и хербалните производи со 2 отсто.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button