Светските медиуми за оставката на Заев

Премиерот Зоран Заев поднесе оставка откако неговата партија загуби во вториот круг од изборите за градоначалник во неколку градови во земјата, вклучително и во главниот град Скопје, јави новинската агенција Ројтерс, која ја пренесува неговата изјава дека ја презема одговорноста за овие случувања.
Ројтерс додава дека Заев останува на ставот дека е против предвремени избори, наведувајќи дека, според законот, коалицијата може да договори друг кандидат за премиер и да формира влада без ново гласање.
„Донесов слобода и демократија, а демократијата значи преземање одговорност“, ја цитира Франс прес изјавата на Заев кој, како што наведува, понуди неколку детали или временска рамка за тоа кога ќе поднесе оставка — потег што мора да биде одобрен од парламентот. Заев рече дека се противи и на нов круг избори по неговата оставка.
Германската новинска агенција ДПА во веста за оставката на Заев наведува дека тој важи за прозападен реформатор и оти оставката ја ветил доколку неговата партија има слаби резултати во главниот град Скопје. Според ДПА, лошите резултати на партијата може да влијаат и врз несигурната коалиција на Заев, предупредуваат набљудувачите.