ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Цел месец го нема Филипче да каже што се случува со пандемијата

Политичките случувања ја оставија пандемијата настрана додека во исто време расте бројот на заразени. Од друга страна, министерот за здравство Филипче речиси еден месец нема објаснувања за состојбата.

Advertisements

Инфектологот Фадил Цана вели дека институциите не смеат да молчат и да го занемаруваат менаџирањето на состојбата. Ваквата негрижа од страна на Министерството за здравство, според Цана, придонесува за влошување на состојбата и најмногу страдаат пациентите.

„Во време на пандемија, овој институционален молк што се случуваше и кој и понатаму се случува деновиве во Македонија нема смисла затоа што управувањето со оваа ситуација никогаш не треба да се прекинува… Мора да има континуитет во управувањето со кризата со Ковид-19. Како да не постои Ковид. Повеќе се занимаваа со средби со гласачите и со собирање гласови за партијата што го назначила, а не со менаџирање на ситуацијата. Ковидот е тука и пред и после изборите. Требаше постојано да се следи за да имаме што помалку позитивни случаи.“

Во меѓувреме, од Сојузот на млади лекари и специјалисти велат дека до ваква состојба се доаѓа кога институциите се целосно политизирани, а нивните раководители повеќе ги интересира партискиот, отколку државниот интерес.

Експертите сметаат дека државата не е доволно посветена на кампањи за подигање на свеста, вакцинација на населението и за почитување на мерките против Ковид-19. Зголемувањето на бројот на нови случаи доаѓа по двата круга на локалните избори. Досега само околу 37% од населението е вакцинирано со две дози.

Vjollca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button