ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети: Наш приоритет, државните интереси

ДУИ по седницата на Генералниот совет го овласти партискиот лидер Али Ахмети да продолжи со преговорите со политичките актери во земјава за да се најде решение за политичката криза. Ќе се преговара со политичките партии од двата блока.

„Претседателот Ахмети ќе разговара со сите политички партии во двата блока, освен со деструктивните партии кои се јасно дефинирани со нивните програми против стратешките определби на државата и нашите граѓани“, изјави Бујар Османи, портпарол на ДУИ.

Османи рече дека сите опции остануваат отворени, вклучително и предвремени парламентарни избори како и одење во опозиција.

„Сите опции се можни, освен комбинации кои се спротивни на стратешките интереси“, додаде Османи.

Лидерот на партијата Али Ахмети пред средбата изјави дека во актуелната ситуација, приоритет треба да се даде на стратешките интереси на земјава, како што е договорот со Бугарија и отворањето на преговорите со ЕУ. Коментирајќи го мнозинството што го декларира лидерот на опозицијата, Ахмети изјави дека тоа е демократско право, но треба да се види нивната програмска дефиниција. Лидерот на Интегративците ги демантираше гласините дека пратениците на неговата партија се во преговори за приклучување кон мнозинството што го декларира Мицкоски.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button