ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Иницијативата доставена, во четврток седница за недоверба на Владата

Поради тоа што премиерот Зоран Заев не поднесе оставка, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците-Алтернатива, Беса и Левица ја поднесоа иницијативата за изгласување недоверба на Владата. Во образложението се споменуваат неуспесите на Владата на СДСМ-ДУИ во последните два мандата. Партијата на Христијан Мицкоски верува во собраните 61 потпис.

Николовски не посочи дали четирите страници со потпишаните 61 пратеник е и доказ за нов мандатар, откако евентуално ќе ѝ се изгласа недоверба на Владата. Тој рече дека по гласањето следуваат процедурите што ги налага Уставот.

Албанската опозиција смета дека Заев сам ќе поднесе оставка и оти воопшто и ќе нема потреба од гласање на недоверба. Генералниот секретар на АА Арбен Таравари вели дека бродот на премиерот Заев само што не потонал и оти нема враќање назад.

 „Се надевам дека денеска ќе биде процесуирана неговата оставка и нема да има потреба од гласање недоверба на Владата, потоа оној кој ќе собере 61 потпис, ќе ги достави кај претседателот, за 10 дена ќе го земе мандатот и ќе почне преговори за формирањето на нова влада. Едно е евидентно дека бродот на Заев тоне. СДСМ е целосно поделена, веќе не се знае кој го води СДСМ, не се знае со кого да се разговара. Вчера го слушнавме Ахмети дека е подготвен да разговара и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека нема многу нешта против ВМРО иако целата кампања беше против ВМРО… и тоа ме радува.“

 Доколку ѝ се изгласа недоверба на Владата, премиерот е должен во рок од 24 часа да поднесе оставка до Собранието. Седницата е закажана за четврток во 11 часот.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button