
Вакцините против сезонски грип веќе се пристигнати во земјава и во тек е нивна дистрибуција низ медицинските центри, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Како што појаси тој, бесплатна доза е обезбедена за хронично болните, повозрасните од 65 години, бремените жени, децата и здравствените работници. Граѓаните коишто сакаат да се вакцинираат ќе треба да се пријават на сајтот vakcinacija.mk.
„Стигнаа 40 000 четири валентни вакцини за сезонски грип. Овие вакцини веќе се дистрибуираат и со цел да не се мешаат групите граѓани кои доаѓаат за вакцинација за сезонски грип и ковид, вакцинацијата ќе се спроведува во центрите за јавно здравје и дел во здравствените домови во Скопје каде што нема вакцинација за ковид“, рече Филипче и додаде.
„Освен оваа количина, Центрите за јавно здравје набавија и 11 000 комерцијални од кои 4 000 се во Скопје“.