ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За фотелја во Скопското обвинителство „раце тријат“ и обвинители од СЈО

Покрај обвинителката Елизабета Павловска, Алсат открива дека интерес да раководат со скопското обвинителство кое е најголемо во земјава, имаат и поранешниот обвинител во згаснатото СЈО, Гаврил Бубевски, како и обвинителот Едмонд Незири. Шефот на републичкото обвинителство, Љубомир Јовески, кој е и член на Советот на јавните обвинители по функција, за Алсат вели дека постапката за избор на шеф на скопското обвинителство не се одолговлекува.

Advertisements

„Огласи за избор беа распишани, како за оваа јавно обвинителска функција, така и за избор и на други јавни обвинители. Постапката согласно закон ја спроведува Советот на јавни обвинители. Таа започна, спроведена е оценка на кандидатите и нивно интервју со членови на Советот“, вели Љубомир Јовески, републички јавен обвинител.

Првиот човек на телото кое именува, унапредува и разрешува обвинители, Советот на јавните обвинители, Антонио Јолевски во изјава за Алсат вели дека процесот за избор на обвинителите е почнат уште пролетта, но локалните избори го одолговлекуваат.

„Сега чекаме вториот круг да заврши, бидејќи во Дебар има втор круг избори во недела. Да видиме кога тие конечно ќе завршат за да нема приговори дека ова се врши во време на избри. Штом завршат се надеваме дека во најскоро време после завршувањето ќе се закаже седницата и ќе ги избереме“, вели Антонио Јолевски, претседател на Совет на јавни обвинители.

Но, дали ќе се чека да заврши и изборниот процес во Центар Жупа и во Маврово и Ростуше, каде изборите ќе одат до почеток, Советот ќе бара дополнително мислење од Антикорупциската комисија. Од ова зависи и изборот на шеф на тетовското обвинителство, за каде има пет кандидати. Меѓу нив е и обвинителката Лејла Кадриу. Треба да се се изберат и двајца обвинители во Јавното обвинителство, како и еден Виш јавен обвинител во Штип.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button