МАКЕДОНИЈА

Онлајн наставата во многу училишта се спроведува со потешкотии

Многу проблеми ги придружуваат учениците и наставниците за време на спроведувањето на онлајн-часовите. Наставниците се жалат на условите за работа. Во меѓувреме, учениците велат дека не се реализираат сите часови предвидени со распоредот. Алсат контактираше со одредени училишта, но генерално не сакаа да зборуваат за проблемот. Затоа пак, Алсат обезбеди сведоштва на ученици кои велат дека губат настава и оти при учењето од далечина се соочуваат со големи тешкотии.

Advertisements

Директорот на основното училиште „Реџ Рушит Зајази“ од Кичево е меѓу малкумината кои отворено признаваат дека се соочуваат со тешкотии. До вторникот повеќето од над 300-те ученици ја бојкотирале наставата преку Интернет.

„До вчера скоро ниту еден ученик не беше вклучен во нашето училиште со мали исклучоци, околу 12-13 ученици, а од денеска почнаа да се вклучуваат повеќе. Бараат наставата да се одвива со физичко присуство бидејќи централното училиште ги исполнува условите, како во однос на просторот, ги исполнува условите за настава по физичко присуство. Имавме многу проблеми поради мрежата, паѓаше мрежата.“

Од Министерството за образование велат дека од почетокот на учебната година до денес бројот на ученици кои посетуваат учење на далечина е зголемен за 17%, односно 87% од учениците биле вклучени.

Мелихате Рустеми Мон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button