ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Истрагата за финансирањето на портали од страна на ВМРО ДПМНЕ тапка во место

Полицицијата сѐ уште ги истражува фирмите за кои Обвинителството за организиран криминал има сомнеж дека наменски отвориле веб портали пред изборите на 15 јули годинава. Еден месец откако истрагата беше и официјално соопштена во јавноста, МВР и натаму собира докази зошто компаниите отвориле интернет портали, без импресум, без седиште на сајтот како и без ценовник за платено политичко рекламирање. Сомнежот на полицијата е дека партии се рекламирале на портали кои биле со многу мала посетеност.

„Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презема сите неопходни мерки и активности во насока на расветлување на случајот. Со оглед дека предметот е во предистражна постапка во моментов обвинителството не може да сподели детали за предметот за кој покажувате интерес“, велат од ОЈО.

Според неофицијалните информациите, ВМРО – ДПМНЕ е партијата која плаќала политичко рекламирање на последните избори на портали кои биле отворени непосредно пред денот на гласањето. Станува збор за фирмите „Глобал нет“, „Некст левел солушнс“ и „Медиа ком“ – компании од кои полицијата одзема документи за формирањето на сајтовите. Па така ќе се проверува рекламирањето на: lady.mk, srekja.mk, gradina.mk, indigo.mk, visitskopje.mk, ekran.mk, biznisvesti.mk, times.com.mk. Клучниот елемент по кој МВР почнало да ги истражува фирмите е исплатата на 20 илјади евра од партиската каса на ВМРО – ДПМНЕ распоредена за седум поратли. Според Изборникот законик сумата што може да се плати на еден портал не смее да биде повисока од петнаесет илјади евра. Обвинителството за организиран криминал и корупција пред еден месец најави дека ќе го проверува и платеното политичко рекламирање на други партии, но досега нема официјално соопштение дали е отворена истрага за останатите политички субјекти, учесници на предвремените парламентарни избори на 15 јули годинава.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button